Рашфорд сака во Барселона

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави денеска дека би сакал да игра заедно со Ламин Јамал во Барселона.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави денеска дека би сакал да игра заедно со Ламин Јамал во Барселона.

Рашфорд, кој половина од минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила, е во Шпанија на индивидуални тренинзи пред претсезонскиот тренинг камп на тимот, поради шпекулациите за неговата иднина на Олд Трафорд.

Одговарајќи на прашање на шпанските новинари околу можноста да игра со Јамал, Рашфорд рече: „Да, секако, секој сака да игра со најдобрите. Се надевам … ќе видиме.“

Јамал минатата сезона ја освои двојната круна со Барселона и беше еден од најдобрите играчи во тимот што играше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Тешко е да се опише со зборови што прави на теренот. Тоа не е вообичаено за некој на 16, 17 години. Не сме го виделе тоа порано. Вештина е да се направи тоа на таа возраст со таков менталитет“, рече Рашфор.