Рафаел Гроси: Веднаш да престане гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска побара итно запирање на гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје и воспоставување заштитна безбедносна зона.

„Гранатирањето околу СИ Запорожје мора да престане и веднаш да се договори зоната на нуклеарна безбедност и заштита на безбедноста“ – порача Гроси на социјалните мрежи.