Раткоцери: Охридските преговори Вучиќ – Курти се финале по долгогодишниот дијалог Белград – Приштина

Новинарот Арбен Раткоцери е еден од денешните гости во најновото издание на Трилинг.

Тој смета дека состанокот во Охрид ке биде финале меѓу Курти и Вучиќ, а од друга страна пак смета дека церемонијата на формалното пишување можеби ќе се организира во Париз или Берлин со присуство на германскиот канцелар и Макрон претседателот.

На прашањето каква смелост може да се очекува од Вучиќ и Курти , Раткоцери истакна:

,, Реално господинот Заев беше атипичен политичар во региенот, и затоа дојде до спогодбата со Грција и преговорите со Бугарија, и внатрешно некои прашања кои што биле меѓуетнички имаше толку храброст што ги затвори, претежно законот за јазици. Не гледам Вучиќ и Курти да се толку храбри како господинот Заев, бидејки се двајцата популисти’’ – истакна новинарот и уредник на весникот ,,Коха’’.