Расте бројот на загинати од катастрофалниот земјотрес во Индонезија, има многу деца

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија порасна на најмалку 61 лице, додека повеќе од 700 се повредени. Потресот бил со јачина од 5,6 степени, и се случил во индонезиската област Западна Јава.

Градоначалникот на Чаинџур кажа дека најмалку 40 деца се меѓу жртвите од земјотресот.

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека земјотресот со јачина од 5.6 степени според Рихтеровата скала бил со епицентар во регионот Сијанџур во провинцијата Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Сијанџур се наоѓа на околу 100 километри јужно од Џакарта, а земјотресот силно се почувствувал во главниот град и околината.

Шефот на градската администрација на Сијанџур, Херман Сухерман изјави дека само во една болница во градот се лекуваат „најмалку“ 300 луѓе.