
Сè поголем број на заразени со грип, амбулантите полни, но и болничките капацитети. Висока температура, кашлица, изнемоштеност, се најчестите симптоми. Се почести се и компликациите од вирусот особено кај децата.
Бебе од еден месец е најмалиот пациент хоспитализиран на клиниката за белодробни заболувања „Козле“.
10-тина деца со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка.
Поради компликации, под болнички надзор сè уште 80-тина. За едно деноноќие лекарите имаат над 200 прегледи, сите доаѓаат со покачена температура која трае и до седум дена .
„Оние предновогодишни забави, Дедо мраз, колективот го направи своето. Затоа годинава побрзо се шири годинава и зазема поголеми бројки. Се прегледуваат дека на секоја возраст, оние кои се хоспитализирани најчесто се до две годишна возраст, кај помалата детска популација грипот знае да даде компликации кои бараат хоспитален третман. Во моментов капацитетите се исполнети, околу 80 деца лежат во болница и се чува место за потешки деца кои ќе имаат потреба од хоспитален третман“, велат од Клиниката за белодробни заболувања „Козле“.
Зголемен број на заболени од грип надлежните очекуваат со стартот на второто полугодие – откако децата ќе се вратат во училишните клупи.
Во првата недела од годинава, Институтот за јавно здравје бележи 1.725 случаи со грип.