Бројот на загинатите во руските напади врз Лавов се искачи на 9, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
„Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад се искачи на 9 лица, 42 лица се повредени, меѓу кои и три деца“, се вели во соопштението.
Операциите за спасување и пребарување се уште се во тек.