
Раста синоќа уапсен во Охрид?
Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа, 2-ри август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Jason Derulo.
Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа, 2-ри август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Jason Derulo.
Неофицијално, тој отишол на стадионот каде што требаше да настапи пред македонската публика, по што бил уапсен.
Раста веќе беше уапсен во октомври 2020 година, кога полицијата пронашла пет грама марихуана кај него, а потоа, по наредба на обвинителството, бил претресен неговиот стан, каде што бил пронајден сканк.
Официјалните органи во Охрид до овој момент не излегоа со официјално соопштение за настанот, јавува Фокус.