Расим Лајиќ – екс-вицепремиер во српската Влада и лидер на Социјалдемократската партија на Србија денеска претпладне доживеал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш, кај Ражањ.
Според информациите на српското МВР, возилото марка „шкода суперб“ во кое се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во несреќата на самото место починал претседателот на ИО на партијата, Бранко Гогиќ кој го управувал возилото.
Љајиќ има повреди на ребрата и не е во животна опасност, но веднаш е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.