Раперката Доечи ги воодушеви модните вљубеници на Модната недела во Париз

Фустанот беше комплетиран со темен тексас-корсет којшто ја истакнуваше нејзината половина.

Американската раперка Доечи воодушеви со своето појавување на француската Модна недела во Париз, според модните познавачи. Имено, таа привлече посебно внимание на ревијата на брендот „Скијапарели“ (Schiaparelli) на 6 март, па модните сладокусци ја коментираа нејзината впечатлива креација којашто одлично ги спои ретроелеганцијата и смелоста.

Музичарката со вистинско име Џејла Џимаја Хикмон одушеви голем број посетители и обожаватели со својот стил, истакнувајќи се во стилот на супермоделите од 80-тите и 90-тите. Доечи носеше фустан со длабоко У-деколте и висок шлиц, а лелеавиот бел материјал додаде лесен и софистициран изглед. Фустанот беше комплетиран со темен тексас-корсет којшто ја истакнуваше нејзината половина.

Доечи го заокружи својот изглед со брановидна фризура во стар холивудски стил, златен накит и впечатливи нокти, посочува порталот „Нау-дис“ (NowThis).