Ранети се тројца командоси од Холандија пред хотел во Индијанаполис

Тројца холандски командоси кои тренирале за борба против тероризмот се ранети пред хотел во Индијанаполис. Еден од ранетите е во критична состојба, јавува „Ројтерс“.

Локалната полиција го истражува инцидентот, а засега нема уапсени.

Командосите, наводно, припаѓале на антитерористичката чета командоси 108 и биле вклучени во расправија пред пукањето.

„Пукањето се случило пред хотелот во кој се сместени командосите. Инцидентот се случил за време на слободното време на војската“ – изјавил портпаролот на холандското Министерство за одбрана.