„Доколку ЕУ одбие да се ожени со нас, ние ќе остариме без никогаш да се венчаме. Ние ќе бидеме монахињи на Европа“.
Ова за германски „Велт“ го изјавил албанскиот премиер Еди Рама на прашањето за очекувањата за почнување преговори за членство во Унијата.
Рама е категоричен дека „Албанија никогаш нема да се откаже од обидот да се омажи за ЕУ и со некој друг“.
Тој одговара и на констатацијата дека Албанија одржува блиски односи со Србија, која не ја осудила инвазијата во Украина, преку иницијативата „Отворен Балкан“ и прашањето до каде треба да оди Србија кон Русија, за да Албанија ја прекине соработката со неа.
„Србија не оди кон Русија. Напротив, зачудувачки, таа застана на страната на западот во осудата на руската агресија на Генералното собрание на ОН. Тоа е многу добар знак дека Србија трипати гласаше против Русија. Доколку Србија го направеше спротивното, тоа ќе беше тежок удар за нашата соработка“ – вели Рама.
Потсетува дека Европската комисија дава зелено светло веќе четири години, но некој во Советот на ЕУ „постојано вели не и процесот повторно замрзнува“.