Проектот за суво пристаниште го земаме под наша одговорност преку холандска компанија, која го има проектирано новото комерцијално пристаниште, но и воена инфраструктура во Драч, како и сувото пристаниште во Приштина. На овој начин мислиме дека создаваме една комплексна инфраструктура во функција на зголемување на волуменот на интеракција на нашите држави што беше наш приоритет, но и приоритет на иницијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес, рече Рама.
Во врска со билатералните односни меѓу двете земји, албанскиот премиер оцени дека тие никогаш не биле подобри, а иницијативата Отворен Балкан веќе почнала и статистички да ја оправдува својата цел
За три нови проекти иницирани од првиот вицепремиер Артан Груби, меѓу кои изградба на суво пристаниште во Струга и нов граничен премин Поградец-Струга, паднал договор на денешната заедничка седница на владите на С Македонија и Албанија што денеска се одржа во Скопје, соопшти албанскиот премиер Еди Рама во своето воедно обраќање на прес-конференцијата со својот македонски колега, Димитар Ковачевски.
Рама денешната заедничка владина конференција ја оцени како многу продуктивна и истакна дека на неа се финализирани 21 договор меѓу двете влади.
„Истовремено се договоривме за три инцијативи од Артан Груби кои се однесуваат директно за Коридорот 8, за суво пристаниште во Струга и за граничен премин Поградец-Струга. Сите овие предлози претставуваат една стратегиска цел. Проектот за суво пристаниште го земаме под наша одговорност преку холандска компанија, која го има проектирано новото комерцијално пристаниште, но и воена инфраструктура во Драч, како и сувото пристаниште во Приштина. На овој начин мислиме дека создадеме една комплексна инфраструктура во функција на зголемување на волуменот на интеракција на нашите држави што беше наш приоритет, но и приоритет на иницијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес“, рече Рама.
Говорејќи за воениот конфликт во Украина, албанскиот премиер истакна дека станува збор за војна со апсурдни територијални претензии, која исто така има за цел да го стави на колена целиот западен свет преку зголемување на цените на енергенсите и на храната.
Овие два вида оружје се користат од Владимир Путин за да ја дестабилизира Европа и другите земји на континентот, без разлика дали се членки или не, посочи албанскиот претседател.
Во вакви времиња, потенцира Рама, се потврдува начелото: „колку повеќе да работиме заедно, колку повеќе да ја гледаме иднината, толку подобро ќе може да се справиме со оваа сложена ситуација“
Албанскиот премиер во тој контекст истакна дека е задоволен што двете земји поставиле цврсти основи за заедничка иднина.