Албанскиот премиер – Еди Рама денеска во Белград, на отворањето на Отворениот балкански лидерски самит, изјави дека лидерите на земјите членки сериозно ќе размислат да поканат и други важни земји од ЕУ важни за регионот, како Грција, Италија, Турција.
„Иницијативата ОБ повеќе нема потреба да бара оправдување за своето постоење, ниту пак да објаснуваме, таа сега зборува сама за себе и тоа ќе го разберат оние кои имаат визија за иднината и сакаат да не видат и слушнат“ – рече Рама.
„Сериозно ќе размислиме да испратиме покани до други партнери и земји од ЕУ и никој не треба да ни љубомори“, рече Еди Рама и додаде дека денеска на самитот во Белград ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Турција и на земјата од ЕУ – Унгарија.