„Изгледите за создавање Донбас среде Балканот поради ескалација е вистинска закана изјави премиерот на Албанија, Еди Рама на заедничката премиерска конференција на земјите од НАТО, на која присуствуваше и генералниот секретар на Организацијата Јенс Столтенберг, пренесува Албаниан пост.
И покрај тоа што главна тема на разговор беше војната во Украина, Рама го насочи вниманието кон опасноста што може да биде загрозена во случај на ескалација на тензиите на северот на Косово.
„Значи, сите ние мораме да направиме нешто за да го спречиме тоа со промовирање на дијалогот, доведувајќи го на високо ниво во ЕУ со поддршка на САД и да ставиме јасно до знаење преку НАТО дека КФОР ќе биде таму за да гарантира и да воспостави целосен интегритет во случај на каков било прекин што може да настане поради неодговорна ескалација“.