Рама пред дипломатскиот кор: Албанија нема план „Б“, се ќе направиме за влез во ЕУ во оваа деценија
Албанскиот премиер Еди Рама вечерва изјави дека „Албанија нема план Б, туку само неоспорен и непроменлив план, оној за влез во Европската унија“.
Албанскиот премиер Еди Рама вечерва изјави дека „Албанија нема план Б, туку само неоспорен и непроменлив план, оној за влез во Европската унија“.
На традиционалната предновогодишна вечера со претставниците на дипломатскиот кор акредитиран во Албанија, Рама уште еднаш ја повтори амбициозната цел за затворање на преговорите на крајот на 2027 година, додавајќи дека „во оваа деценија ќе дадеме се што имаме, за членството да стане реалност“.
Премиерот увери дека „Албанија ќе продолжи неуморно да работи за интеграција преку промовирање на мирот и соработката преку дијалог со сите во регионот”.
Осврнувајќи се, меѓу другото и на парламентарните избори, што ќе се одржат на 11 мај 2025 година, премиерот увери дека, без разлика за која политичка партија ќе гласаат Албанците, сите ќе одлучат да се држат до вредностите и принципите на евроатлантската заедница.
– Како што се приближуваме до новата изборна година, сигурен сум дека прашањата за претстојните општи избори брзо ќе се најдат во вашите белешки и извештаи. Верувам дека имам прилично добра идеја кој ќе биде победник, но, настрана шегата, можам да ве уверам дека, без разлика за која политичка партија ќе гласаат Албанците, сите тие ќе одлучат да се држат до своите вредности и принципите на Евроатлантската заедница, промовирање на постигнувањето на историската цел да станеме добри и горди членови на обединетото европско семејство, поддршка на индивидуалните слободи, владеењето на правото и демократијата, нагласи премиерот Рама.
Според него „ова се заложби за кои не може да се преговара кои ги надминуваат возраста, полот, подрачје или политичкото убедување на Албанците“.