Рама одликуван со Претседателски медал на честа на Израел

На албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Израел, претседателот Исак Херцог, му врачи „Претседателски медал на честа на Израел“ за неговата посветеност „во борбата против антисемитизмот и за напорите на Албанија за зајакнување на односите со Израел“.

На албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Израел, претседателот Исак Херцог, му врачи „Претседателски медал на честа на Израел“ за неговата посветеност „во борбата против антисемитизмот и за напорите на Албанија за зајакнување на односите со Израел“.

Заблагодарувајќи се за „извонредната голема чест“, Рама ја споменал важноста на заштитата што албанскиот народ им ја понудил на Евреите за време на Втората светска војна, кога не беше дозволено ниту еден припадник на еврејската заедница да биде земен од нацистите и најавил дека неговата земја е во фаза на изградба на два еврејски културни центри.

Рама на заедничката прес-конференција со Херцог, посочи дека Албанија го поддржува решението со две држави, но оти нема решение со припадниците на Хамас, нарекувајќи ги нацисти на новиот век.

– Како што сум кажал и претходно, сакам да повторам сега, Албанија отсекогаш била поддржувач на решението за две држави, но според моја гледна точка и според наша гледна точка, нема решение со Хамас и за разлика од она што другите се обидоа да кажат, Хамас не е движење на отпорот. Припадниците на Хамас се нацисти на новиот век, истакна Рама.

Според него историјата не научила дека „нема мир со нацистите, нема компромис со нацистите“.

– Посакувам се најдобро за вас, народот на Израел, целиот регион и со нетрпение очекувам да видиме мир меѓу Евреите и Арапите, останувам искрено благодарен засекогаш, за овој момент во мојот живот, кој сигурен сум дека не го заслужувам како личност, но сигурен сум дека сите Албанци кои направиле нешто за Евреите го заслужија овој момент, нагласи Рама.

Херцог, нарекувајќи го Рама голем пријател на еврејскиот народ и Израел, истакна дека највисокиот цивилен орден во Израел му се доделува за исклучително лидерство и демократски вредности.

– Убеден сум дека пријателството меѓу нашите народи ќе остане светилник на добра волја во овие предизвикувачки и тешки времиња. Нека не потсети дека гласовите за достоинство и храброст се секогаш присутни и дека е можна енергична, безбедна и мирна иднина за народите од нашиот регион и целиот свет, посочи Херцог.