Албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска престојува во Приштина, одби да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти.
Ова е кажано во кабинетот на Курти за порталот „Репортери“, со коментар дека врз основа на агендата се чини дека Рама се среќава со оние што ги смета за неопходни за усогласување на односите.
Наведено е и дека кабинетот на премиерот го поканил Рама да присуствува на настан на 12 јуни, но им било кажано дека не е можно тој да присуствува.
– Врз основа на досегашната агенда, се чини дека во Приштина премиерот на Албанија Рама се среќава со оние со кои смета дека треба да ги усогласи односите. Од друга страна, премиерот Курти го покани премиерот Рама на активности по повод 25-годишнината од ослободувањето на Косово на 12 јуни, а од кабинетот на Рама не информираа дека тој нема да може да присуствува“, изјави портпаролот на косовската влада Перпарим Кријезиу.
Рама денеска во Приштина се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Не е првпат Рама и Курти да не се сретнат – претходно се случуваше или Курти да не сака или Рама да го игнорира на состаноците, а последен пат тоа се случи на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Котор кога Рама го игнорираше Курти и во еден момент дури одби да стане за да му подаде рака.