Рама: Нема простор за напредок додека не се ослободат тројцата косовски полицајци

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа реагираше околу ситуацијата на Косово, по средбите на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, со косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Споделувајќи дел од реакциите на Жозеп Борел за тензичната ситуација на северот на Косово, премиерот Рама наведува дека ” без тројцата полицајци безбедно да се вратат од Србија, нема простор за напредок во дијалогот”.

„ Без трите момчиња да си заминат здрави и живи од Србија, нема простор за вистински напредок ни милиметар! Откако ќе се вратат дома, потребна е силна нова акција на Франција и Германија за да се запре оваа спирала на апсурд! Но прва работа е : ослободете ги тројцата полицајци“, напиша Рама на Твитер.