Еди Рама – премиерот на Албанија и премиерот на Црна Гора – Дритан Абазовиќ денеска се во посета на Киев, на покана на украинскиот претседател – Володимир Зеленски. Тие од синоќа се во главниот украински град.
„За Киев, по покана на претседателот Зеленски“ – напиша Рама на својата Фејсбук профил пред летот со Абазовиќ.
Црногорскиот премиер пред неколку дена ја прифати поканата на Зеленски и рече дека ќе се заложи за идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан.
Првично беше предвидено и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да оди во Украина, но тој ја одложи посетата поради презафатеност.