
Рама за „Блумберг“: Трамп е добро за сите, можност за ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Блумберг, се задржува на влијанието на американскиот претседател Доналд Трамп и предизвиците со кои се соочува Европската унија, опишувајќи го како фактор што ја принудил Европа да дејствува и да се преориентира.
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Блумберг, се задржува на влијанието на американскиот претседател Доналд Трамп и предизвиците со кои се соочува Европската унија, опишувајќи го како фактор што ја принудил Европа да дејствува и да се преориентира.
„Иако Трамп е контроверзна личност, тој има значително влијание врз глобалната политика, обезбедувајќи можности за многу земји. Политиката на Трамп предизвика реакција од европските земји, кои станаа многу затворени во себе, сè повеќе посветени на домашните интереси. Тој е фактор што ја принуди Европа да дејствува и да се преориентира. Иако многумина ја критикуваа неговата цврста политика, тоа создаде можности за други земји, вклучително и Албанија, изјавил Рама, објавија албанските медиуми.
Оценил дека Европската унија изгубила дел од своето глобално влијание и смета дека треба да ја врати динамиката.
„Кога Трамп вели дека Бог го спасил за да ја направи Америка повторно голема, тој раскажува само половина од приказната. Другата половина е дека Бог го спасил Трамп и за да ја натера Европа да се разбуди и да дејствува заедно“, рекол Рама.
Во однос на односите со администрацијата на Трамп, Рама истакнал дека неговиот ангажман со Џаред Кушнер исто така бил дел од природна соработка, без никаква скриена цел за добивање политичка поддршка за Албанија.
Тој објаснил дека првата посета на Кушнер на Албанија се случила во 2021 година, откако Трамп ја напушти Белата куќа и била можност да се разговара за важни проекти за развој на земјата.
Рама го опишал својот однос со Кушнер како личен.
„Јас сум привилегиран да разговарам со Кушнер и би бил многу среќен да го наречам пријател. Не знам дали тој ме нарекува пријател, но јас го нарекувам пријател“, додал Рама.
Компанијата на Кушнер, зет на претседателот Трамп, е познат американски бизнисмен и инвеститор, кого албанските власти, во јануари го прогласија за „стратешки инвеститор“. Тој планира да инвестира околу 1,4 милијарди евра во изградба на комплекс од вили и хотели на 45 хектари земја на островот Сазан, поранешна воена база, кој е ненаселен остров во близина на јужниот брег на земјата.