
Рама: ЕУ не секогаш ги исполнуваше своите ветувања кон Албанија, но за нас тоа беше благослов
- Ги продолживме реформите затоа што ги направивме за нашата земја, а не за Брисел. Денес ЕУ останува наш отворен извор на знаење и работиме секој ден за да бидеме целосно подготвени кога ќе дојде вистинскиот момент за членство, изјави Рама на Форумот за проширување на ЕУ, што се одржа во Брисел.
Европската Унија не секогаш ги исполнуваше своите ветувања кон Албанија, но за нас тоа се претвори во еден вид благослов, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.
– Ги продолживме реформите затоа што ги направивме за нашата земја, а не за Брисел. Денес ЕУ останува наш отворен извор на знаење и работиме секој ден за да бидеме целосно подготвени кога ќе дојде вистинскиот момент за членство, изјави Рама на Форумот за проширување на ЕУ, што се одржа во Брисел.
Во исто време, тој ја пофали новата динамика на процесот на проширување.
До неодамна верував дека Брисел конечно е погребан и дека нема шанси да воскресне. Процесот сега донесе толку многу конструктивна дебата и свеж кислород во европската политика, што не се сеќавам кога последен пат се случило тоа, истакна Рама.
Тој додаде дека за Албанија патувањето кон ЕУ „не било исполнето со аплаузи“, оценувајќи дека „било преполно со стигматизација и стереотипи засилени од западните медиуми“.