Премиерот на Албанија – Еди Рама синоќа му го честиташе изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора, наведувајќи дека сега регионот има тројца лидери Албанци.
„Среќен што Дритан Абазовиќ од денеска е премиер на Црна Гора. Кој би можел да поверува дека Балканот со шест држави може да има тројца премиери Албанци“ – напиша Рама на Фејсбук.
Тој вели дека на нив е да изградат мостови на пријателство и благосостојба за сите.
„Наше е да се докажеме како добри градители на мостови за мир меѓу сите и благосостојба за сите. Честитки и успех за Дритан, за Црна Гора и за целиот наш регион“ пишува Рама.