Рама ги повика косовските државници да ги слушаат сојузниците „за да не се навлезе во опасен пат“

Албанскиот премиер Еди Рама доцна синоќа реагираше на ситуацијата на северот на Косово апелирајќи до косовските државници да ги слушаат сојузниците со цел ситуацијата да не се влоши уште повеќе.

– Мојот повик е да се слушаат сојузниците и да не се навлезе подлабоко, во, не само опасниот, туку и залуден пат каде Косово е повредено на меѓународно ниво заедно со војниците на КФОР, кои се телесно повредени. Не е меѓународен повик туку национална потреба – напиша Рама на социјалните мрежи.

Тој подвлече дека „од оваа раскрсница каде што конфликтот се враќа и се враќа секоја година како производ на минатото, при што Србија ги изложува војниците на границата каде нејзината моќ е еднаква на нула, а Косово ја изложува својата неподготвеност да го финализира дијалогот, единствениот излез е со дијалог и моќни сојузници“.

– Повредата на војниците на КФОР ги става во директна одговорност нивните слепи сторители и за жал го повредува Косово во очите на неговите незаменливи сојузници и пријатели! Колку подолго трае овој опасен и непотребен конфликт, толку повеќе е повредено Косово – наведува Рама.