Рама во посета на Унгарија – се очекува потпишување договор во земјоделскиот сектор
Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска ќе престојува во официјална посета на Унгарија.
Предвидено е Рама да се сретне со неговиот унгарски колега Виктор Орбан, а се очекува и потпишување договор во земјоделскиот сектор.
Албанија има консолидирани односи со Унгарија. Во 2021 година, премиерот Рама беше во официјална посета на Будимпешта. Две години подоцна Виктор Орбан дојде во Тирана, каде беа потпишани неколку договори.