Рама: Балканските народи да го остават минатото зад себе!

Албанскиот премиер – Еди Рама смета дека балканските земји треба „да пораснат и да заборават на збрките од минатото“.

Рама истакна дека „не треба да заборавиме колку профитираа другите на наша сметка, на неволјите што самите си ги направивме“.

„Тука сме за да останеме. Србија нема да оди никаде, како ни Хрватите и Црногорците. Сите ќе бидеме тука. Мораме да пораснеме и да ги заборавиме сите неволји кои си ги создадовме еден на друг. Имаме уште долг пат да одиме, но денес сме на подобро место во споредба со тоа каде што бевме“ – рече тој.

Ситуацијата во Украина рече дека е „исклучителна лекција“, додавајќи дека таа треба да се продолжи по патот на мирот.

„Денешната реалност покажува што може да се постигне со мир и соработка и каква загуба е да се инвестира во омраза, поделеност, вознемиреност“ порача Рама на Конференција во Тирана.