Синоќа реагираше албанскиот премиер Еди Рама поради обвинувањата дека е под истрага на ФБИ. Тој призна дека го познава агентот на ФБИ, но дека проблемот што агентот го има со правосудниот систем во САД нема никаква врска со него.
„Шефот за антитероризам на ФБИ беше и е мој пријател, тука нема никаква дискусија. Ако има проблеми со САД, тоа е негово прашање. Нека проговори американската правда. Ужасно е да се изнесуваат такви обвинувања. Ваквите обвинувања ги имав во превид откако ја презедов функцијата, но е страшно за овој народ и за оваа земја, за албанските вредности и принципи“ – изјави Рама.
Тој додаде дека станува збор за прашање во САД кое нема никаква врска со него, ниту со албанската Влада.
„Нема никаква врска со мене и албанската Влада. Тоа е прашање на САД, а според оваа теорија не треба да се сретнеме со никого затоа што утре може да има правда“, рече албанскиот премиер
Реакцијата на Рама следува по тврдењето на Сали Бериша дека премиерот Рама и претставници од неговата Влада се под истрага на ФБИ.
Бериша рече дека поранешниот висок функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал е осомничен за поврзаност со Русија и други земји, меѓу кои и БиХ, Албанија, Косово и Црна Гора.
Во написот се наведува дека тој е пријател на Рама.