Ралф Шумахер објави дека е геј

Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер, брат на легендата на овој спорт, Михаел, на социјалните мрежи објави фотографија на која стои со својот партнер Етјен.

„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер, со кој можеш да споделиш се“, напиша 49-годишниот Шумахер.

Многу луѓе коментираа на објавата, вклучувајќи ја и ТВ презентерката Кармен Гајс, која го напиша следново: „После две години конечно можете да ја покажете својата љубов кон светот“.

Актерката Кора Бринкман е поранешна сопруга на Шумахер, со која го има синот Давид.

Тој ја заврши својата богата Формула 1 кариера по 182 трки. Запиша шест победи, а на подиумот беше 27 пати.