Ракометен спектакл во Скопје како увертира на настапот на Македонија на СП во Краков

Актуелната ракометна машка репрезентација на Македонија го победи тимот ставен од ветерани и легенди, на хуманитарниот настан синоќа во полната сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Aктуелната ракометна репрезентација со 25:21 (12:12) ja победи екипата составена од ветерани кои му донесоа многу успеси на македонскиот ракомет, предводени од Кире Лазаров.

Ракометната федерација на Македонија им приреди незаборавно испраќање на ракометарите на СП во Полска и Шведска, а се забавуваше и публиката која уживаше во атрактивни потези и хитовите на музичките ѕвезди.

Многу емоции имаше додека на цел глас се пееја македонската химна, кога се спомна и покојниот Андон Бошковски-Доне, додека се пееја антологиските песните.

 

Ракометот победи, хуманоста победи, парите од билетите одат за СОС детското село, а за десет дена е првиот меч на Македонија на СП, во Краков, против Норвешка.

Сигурно е дека тимот на селекторот Кирил Лазаров во супер позитивно расположение оди во Полска.

На овој спектакл беше постигнат и гол за телевизиските шпици: