Ракометарите на Вардар 1961 го оставија Еурофарм Пелистер без двојната круна

Ракометарите на Вардар 1961 го оставија Еурофарм Пелистер без двојната круна. Во финалето на Купот, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, со победата 26:25 (16:12) над Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 го свои 16. трофеј во Купот на Македонија. Вардар 1961 им се реваншираше на ривалите од Битола за неодаменшниот пораз во првенството, со кој практично им ја предадоа шампионската титула.