Разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора

Владата на Црна Гора го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Борис Милиќ, а за шеф на тајната служба го назначи приватниот претприемач од Будва, Ивица Јановиќ.

Владата на Црна Гора го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Борис Милиќ, а за шеф на тајната служба го назначи приватниот претприемач од Будва, Ивица Јановиќ.

Во владиното соопштение објавено непосредно пред полноќ се наведува дека Милиќ поднел оставка „од лични причини“. Како што е наведено, Јановиќ истовремено бил назначен за вршител на должноста директор на АНБ.

„Милиќ, кој е во безбедносниот сектор повеќе од 30 години, ќе продолжи да работи во АНБ, придонесувајќи за таа институција со својот ангажман. Владата на Црна Гора му се заблагодарува на поранешниот директор“, се вели во краткото соопштение на Владата.

В.Д. статус на директор на АНБ во Црна Гора може да трае до шест месеци, по што директор треба да биде именуван за целосен петгодишен мандат.

Ивица Јановиќ не и е познат на пошироката јавност, ниту има информации за неговиот ангажман и искуство во безбедносниот сектор, јавија црногорски медиуми.