Разнеле банкомат со експлозив, но пари не земале – неуспешен обид за грабеж во скопски Бутел

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот.

Тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти.

Полицијата е на терен и изврши увид на местото на настанот.

-На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале – соопшти МВР.