Украина и Русија денеска размениле 50 заробеници – изјавија Руското Министерство за одбрана и шефот на кабинетот на украинскиот претседател.Москва и Киев ќе разменат заробеници- објави официјален претставник назначен од Русија во окупираната област Доњецк .
Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, извести за ослободување на 50 „заштитници на Украина“ и рече „дека размената на затвореници ќе продолжи до ослободувањето на последниот Украинец“.
„Се вратија бранителите на Мариупол и Азовстал, како и приведените во борбите во правец на Доњецк, Луганск и Запорожје“, објави Јермак на Телеграм.
Русија најави дека ослободените ќе ги одведе во Москва на медицински преглед и рехабилитација.