Разговор Мицкоски-Руте: Можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска со генералниот секретар на НАТО Марк Руте разговарал за пожарот во Кочани, каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Мицкоски и Руте, според информациите на МИА, зборувале за можно активирање на системот на НАТО за справување со несреќи.

– Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан, информираат од Владата.

Во разговорот Мицкоски посочли дека во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата.