Разговараа Путин и Макрон, Русинот бара да прекине вооружувањето на Украина!

„Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина“.

Ова меѓудругото го кажал денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со неговиот француски колега – Емануел Макрон, соопшти официјален Кремљ.

Путин, според соопштението, рекол дека „Западот би можел да ги запре овие страотни случувања со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекинување на испораката на оружје за Украина“.

Путин ги обвини украинските сили за воени злосторства кои Европската Унија ги „игнорира“.

Рускиот претседател потенцира дека „руската страна е секогаш отворена за дијалог“ со цел да се најде решение за конфликтот.

Односите меѓу Франција и Русија се затегнати поради руската воена офанзива врз Украина, која почна на 24. февруари. И покрај кризата, Макрон разговарал со Путин неколкупати пред и по почетокот на руската инвазија, но засега без конкретни решенија.