Шарл Мишел – претседателот на Европскиот Совет имал телефонски разговор со рускиот претседател – Владимир Путин. Мишел на Твитер потврди и посочи кои пораки му ги пренел на шефот на Кремљ во контекст на војната во Украина.
„Силен итен повик за хуманитарен и безбеден пристап од Мариупол и другите градови под опсада, посебно по повод православниот Велигден“ – напиша Мишел на Твитер за разговорот со Путин.
Тој на рускиот претседател му повторил дека единството на ЕУ е цврсто.
„Цврсто ја повторив позицијата на ЕУ: поддршка за Украина и нејзиниот суверенитет, осуда и санкции за руската агресија. Нашето единство, принципи и вредности не можат да се нарушат“ – напиша Мишел.