Разбојници разнеле банкомат кај бензинска во Загреб

Во Загреб во текот на ноќта од четврток кон петок имало нов обид за грабеж на банкомат.

Мета на крадците овој пат бил банкомат на Рајфајзен банка, кој се наоѓал веднаш до бензинска пумпа.

„Утринава поминував покрај бензинската пумпа и ја видов полицијата како дежура покрај банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјавил сведок за „24часа“ за кражбата со експлозив што се случи синоќа.

На местото на настанот пристигнала полиција со четири возила. Форензичарите земале мостри.

Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат сторителите. Истрагата е во тек и ќе се испитуваат бројните надзорни камери лоцирани во областа.