Разбиена голема група улични дилери на амфетамини, полициски претреси во Скопје

Во тек е голема полициска акција во Скопје во која паднала голема група улични дилери на дрога, дознаваме од извори во истрагата. Како што дознаваме, уапсени се поголем број на дилери на амфетамин, а меѓу уапсените дилери  е и учителка во основно училиште.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре, по нејзиното завршување.