„Радоста е двојна, над 1 милион аџии се на аџилак“: Поглаварот на ИВЗ го честиташе празникот

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи им честиташе на верниците, потсетувајќи дека овој празник симболизира солидарност, жртва и взаемна помош. Меѓу пораките кои што ги упати беше и пораката за спречување на миграцијата и заштита на семејството.

„Сите ние сме созданија на нашиот Творец, сите сме од еден татко и една мајка. Денеска најмногу ни е потребна искрена и чиста верба во семоќниот Алах, кој не обединува во потеклото и заедничката смисла на човечкото општество. Овој голем празник не поттикнува во нашите постапки предност да и дадеме на меѓусебната соработка и решавањето на предизвиците кои ги носи времето“, вели Шаќир Фетаи.

Тридневната прослава започнува со утринската молитва, Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Верниците за овој празник традиционално одат на гости кај повозрасни соседи и во знак на ширењето љубов и хуманост го слават овој празник..

Карактеристично за Курбан Бајрам е принесувањето на жртва – курбан.

Дел од граѓаните велат дека трпезата годинава ќе им биде поскромна, поради кризата. Останатите пак и покрај малиот семеен буџет, нема да штадат и празник ќе го одбележат според сите адети.