Тој, како што потсетува агенцијата БГНЕС, веќе најави дека ќе им даде максимално време на партиите за разговори за формирање на нова бугарска влада.
Бугарскиот претседател, Румен Радев првата седница на новоизбраното 48. Народно собрание ја свика за 19 октомври, пренесе бугарската новинска агенција БГНЕС.
Од прес-службата на Радев денеска информирале дека шефот на државата го потпишал указот за свикување на првата седница.
Тој, како што потсетува агенцијата, веќе најави дека ќе им даде максимално време на партиите за разговори за формирање на нова бугарска влада.
Во рамки на преговорите за нова Влада, партијата на поранешниот премиер, Бојко Борисов, ГЕРБ која освои најмногу пратенички места на изборите пред една недела, но недоволно за апсолутно мнозинство, најави формирање на контактни преговарачки групи на чело со поранешниот претседатели на државата Росен Плевнелиев и ексминистерот за надворешни работи на земјата Соломон Паси.
„Продолжуваме со промената“ пак порачаа дека коалиција со ГЕРБ за нив е невозможна, но во парламентот ќе има теми на кои меѓусебно ќе се поддржуваат. Бугарската социјалистичка партија исто така, одби да учествува во коалиција со ГЕРБ, ДПС и Преродба. Од своја страна, од Преродба соопштија дека веќе имаат организиран кабинет.