„Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален. Има политичари кои се подготвени на таков опасен чекор – да ја загрозат иднината на Бугарија во интерес на нивните себични цели“.
Ова е ставот на претседателот на Бугарија – Румен Радев искажан при денешното обраќање по повод 1. мај.
Радев повика да не се дозволи „да се шират воените страсти во државата, да не толерираме политички шарлатани да ги поттикнуваат за своја употреба“.
„Војната е најголемиот непријател на трудот. Уништувањето го брише создавањето. Она што е градено со векови исчезнува за неколку секунди. Оваа година го славиме празникот додека во срцето на Европа одекнуваат експлозии. Бугарија веќе трпи индиректни штети од оваа војна во енергетиката и економијата. Зголемувањето на цените тоне се повеќе Бугари под прагот на сиромаштија. Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален. Нашите домови, нашите деца, нашата татковина и природата можат да станат жртви на оваа ескалација“ – рече Радев.