Бугарскиот претседател Румен Радев по повод почетокот на светиот муслимански месец Рамазан синоќа приреди свечена вечера – ифтар.
Тој истакна дека ифтар го симболизира доброто разбирање меѓу верските заедници во Бугарија. Додаде дека да се биде домаќин на ифтар е израз на почит кон традициите на муслиманите во Бугарија.
На ифтар присуствуваат претставници на сите официјални религии во Бугарија, странски дипломати и претставници на јавноста.
Радев ги повика учесниците на свечената вечера заедно да ја осудат агресијата и војната во Украина.
Главниот муфтија на муслиманите во Бугарија – Мустафа Хаџи исто така упати апел за итен прекин на војната во Украина.
„Вистинската победа не се добива со агресија и уништување, туку со мир и разбирање“ – рече тој.