Радев: Односите со владата на Петков ќе зависат од прашањето за С. Македонија!

Претседателот на Бугарија – Румен Радев во изминатиот период ја критикуваше бугарската Влада предводена од премиерот Кирил Петков, а идните односи со владата ќе зависат од развојот на прашањето за С. Македонија, вели тој.

„Имаме некои разлики и ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со Владата“ – изјави Радев кој денеска е во официјална посета на Германија.

„Не го сфаќајте тоа дека зборувам за рушење на власта. Многу е важно владата која доаѓа со големи ветувања да ги исполни своите ветувања, да нема ‘сиви зони’, да нема скриени процеси. Така што јас како претседател нема да се откажам од ова и не го правам тоа за да ја соборам владата, туку поради народот. Важно е да се води дијалог кога бизнисот сака состаноци, да се разбере, да се слушне, да се почувствува што сакаат Бугарите“ – смета тој.