Бугарскиот претседател, Румен Радев коментира дека предлог-одлуката што ГЕРБ ја достави до 48 Народно собрание за воена помош од Бугарија за Украина ќе ги зголеми ризиците од нејзино вклучување во војната
Според Радев, војната во Украина го проширува не само просторот на воените операции, туку и формите на проширување. Радев рече дека не верува оти оние кои предлагаат Бугарија да и даде воена помош на Украина, некогаш ќе војуваат и ќе ги ризикуваат своите животи за Бугарија. Тој уште еднаш апелираше до Народното собрание на Бугарија за разум и одговорност.
Одземањето на воените капацитети од бугарската армија во овој момент, според Радев, ќе го продлабочи одбранбениот дефицит на бугарската армија да ја брани својата земја на подолг временски период. А тоа, според него, ќе се совпадне со период на влошување на безбедносната средина не само на северот на Бугарија, туку и на Балканот и ги зголемува ризиците за нејзината безбедност.
Според Румен Радев, сега е време Националното собрание на Бугарија да се зафати со модернизацијата на бугарската армија.
Инаку, денеска пратеничката група на ГЕРБ-СДС до Народното собрание на Бугарија поднесе предлог за гласање за одлука за воена помош на Украина.