Радев оди во посета на Црна Гора
Румен Радев – бугарскиот претседател денеска започнува официјална посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ.
Претседателот Радев и неговата сопруга Десислава ќе бидат пречекани од Ѓукановиќ и неговата сопруга со официјална церемонија во претседателската резиденција во старата црногорска престолнина Цетиње.
Претседателите на Бугарија и Црна Гора ќе разговараат за продлабочување на билатералната соработка во економијата, образованието, науката, иновациите и технологијата, партнерството во сферата на безбедноста и одбраната, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и европска перспектива на Црна Гора.
Радев во Подгорица ќе биде примен од црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседателката на Собранието на Црна Гора – Даниела Ѓуровиќ.