Бугарскиот претседател Румен Радев одбил да се сретне со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Рим, каде и двајцата се во посета по повод 24 мај, но тој ја поканил да ја посети Бугарија.
„Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од бединета Европа со исполнување на сите барања за членство, како што тоа го направи секоја земја од Европската унија“, рече Радев пред новинарите во Рим.
„Мојата порака до претседателката на Северна Македонија е дека Бугарија очекува промена во реториката и конечно крај на јазикот на омразата“, додаде тој.
Од зборовите на Радев стана јасно дека Сиљановска испратила покана за средба со шефот на бугарската држава во Рим, но таа не се одржала бидејќи неговиот распоред бил пренабиен.
Сиљановска на македонските новинари во Рим им рече дека поради неусогласеност на агендите на двајцата претседатели не дошло до средба.
„Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда, меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме средбата“, изјави таа.