Радев: Ништо не може да го оправда газењето на националниот суверенитет на Украина!

Без оглед на позадината, каков и да е изговорот за војната во Украина, ништо не може да го оправда газењето на националниот суверенитет на земјата, жртвите, уништувањата и огромните страдања“.

Ова е ставот на бугарскиот претседател Румен Радев кој го искажа денеска на прес-конференција со романскиот претседател – Клаус Јоханис во Букурешт.

Радев рече дека војната во непосредна близина на границите на Бугарија радикално го менува безбедносното опкружување во целиот регион, а безбедносниот  систем во Европа, изграден со децении, се урива пред наши очи.

Радев посои дека системите и рутите за снабдување, комуникациските линии, нивното прекинување, особено во Црното Море, заканата за енергетската безбедност, воведувањето на невидени санкции кон Русија, ги ставаат бугарските економии и општествени системи на голем тест.