„Крајно непримерно е да се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.
Ова е ставот на бугарскиот претседател Румен Радев како коментар на последните изјави на македонскиот министер за надворешни работи – Бујар Османи дека до јуни може да се развијат односите меѓу двете земји.
„Крајно е несоодветно и нездраво да се зборува за Бугарите и да се поставуваат некои ултиматуми. Притисокот беше уште поголем минатата година. Јас и преодната влада го продолживме овој притисок со два последователни совети за проширување. Многу добро ги објаснивме позициите на Бугарија и тие се прифатени. Само треба да се бранат. Станува збор за човекови права, копенхашки критериуми, говор на омраза. Тоа се работи кои не се компатибилни со европските принципи и вредности“ – потенцираше Радев.