Прво сакам да видам реални реални резултати и напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје, па потоа може посета на Париз и претседателот Макрон. Ова го изјавил денеска бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на прашањето за неговата посета на Франција, јави Бгнес.
Како што се посочува, Радев рекол дека нема услови за неговата посета , одговарајќи на новинарско прашање , негирајќи дека ќе ја реализира посетата.
Во однос на изјавата на Петков дека сите одлуки во врска со спорот ќе минат преку Собранието, Радев истакна дека „последната инстанца секогаш е народот“ и додаде дека постојат уставни механизми за негово консултирање.