Претседателот на Албанија – Илир Мета по денешната средба во Софија со бугарскиот шеф на државата – Румен Радев изјави дека е многу важно да се зајакне партнерството „како никогаш досега“
„Горд сум што нашата соработка со вас е многу блиска. Сега ги поздравуваме вашите напори како важна членка на НАТО алијансата. Стабилноста на Западен Балкан е многу важна за нас, како и за Бугарија“ рече Мета.
Тој и се заблагодари на Бугарија за нејзиниот однос кон преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
„Тоа е корисен стратешки пристап. Убеден сум дека ќе продолжите да давате важен придонес и да бидете пример за нашите земји кои сакаат да станат членки на Европската унија“ – рече Мета.
Бугарскиот претседател, пак, нагласи дека државата поддржува почеток на безусловните преговори на Албанија со ЕУ.
Радев рече дека разговарал со Илир Мета за голем број важни прашања за двете земји – зајакнување на безбедноста во регионот, зајакнување на трговската, културната и образовната размена меѓу Бугарија и Албанија и интеграцијата на ЕУ во Западен Балкан.