Радев: Македонија може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот

Раководството на РС Македонија треба да ја убеди не Бугарија, туку соопствените граѓани дека гради демократско држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани судски процеси, вели во изјава за БГНЕС бугарскиот претседател Румен Радев.

„Раководството на РСМ може да претендира дека гради модерно мултиетничко општество, кога ќе смогне сили да ги запише сонародниците на Гоца Делчев во својот Устав“, вели бугарскиот претседател.

Тој истакнува дека составен дел од преговарачката рамка на С Македонија со ЕУ е и протоколот потпишан меѓу Скопје и Софија, во рамките на кој, тој не гледа напредок.

„Таму нема напредок. Затоа разговарам со европските лидери и институции дека треба да има движење според овој протокол, бидејќи таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничката репресија на Бугарите низ годините. Има и други важни работи, како што е зачувувањето на нашето културно наследство“, вели Радев.

Бугарскиот претседател подвлекува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјава е задолжителен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а овој услов е вклучен и во преговарачката рамка на т.н. француски предлог.

Според бугарскиот претседател сеењето омраза кон Бугарите е процес кој трае со децении.

„Ова е цела доктрина заснована на антибугарска идеологија и јасно потребно e време додека РСМ не застане меѓу демократските земји и ние треба да помагаме во овој процес“, вели тој.